Регионален натпревар по географија 2018
Регионален натпревар по географија во организација на Македонско географско друштво - Скопски регион На 17.03.2018 год. во просториите на СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ во Скопје, за учениците од основните и средните училишта на Скопскиот регион се одржа регионалниот натпревар по географија, во организација на Македонско географско друштво. На натпреварот учествуваа 65 ученици од основните и 15 од средните училишта, кои правото на учество го обезбедија на општинските натпревари освојувајќи над 85 бода од можни 100. Натпреварувачкиот дух на учесниците на натпреварот беше голем што резултираше со одлични резултати кои воедно беа рефлексија на талентот кој го поседуваат овие млади географи. Според правилникот за одржување на натпревари со право на учество на државниот натпревар се стекнаа 41 ученик од основните и 6 ученици од средните училишта, односно сите ученици со освоени над 85 бода. Честитки до сите ученици за постигнатите резултати на регионалниот натпревар и на нивните ментори. Им посакуваме многу успех на државниот натпревар кој ќе се одржи на 20-21.04.2018 година. д-р Милица Патраклиева Координатор на Скопскиот регион Професор по географија |