Општински натпревар по географија 2018

Општински натпревари по географија

Во организација на Македонско географско друштво, на 10.02.2018 година – Ден на младите географи се организираше општинскиот натпревар по географија за учениците од основните и средни училишта во Скопскиот регион.

Натпреварот се одржа во ООУ „Лазо Трповски“ - Општина Карпош, на кој учествуваа  156 ученици од основните и средни училишта кои беа почестени со големо гостопримство од главниот организатор, координатор на Скопскиот регион д-р Милица Патраклиева, во соработка со комисија за спроведување и проверување на тестовите, во организација на Македонско географско друштво.

Честитки  на  нашите  млади  географи  Климентина  Чаповска(второ  мрсто-94 бода), Марија Моцан(трето место-93 бода)и Ана Стефановска(втора награда-87 бода) од ООУ „Лазо Трповски“, за постигнатиот резултат на општинскиот натпревар по географија, под менторство на д-р Милица Патраклиева, професор по географија.

Браво  за  сите  учесници  од  Скопскиот  регион кои  си  обезбедија  пласман за регионалниот натпревар. Најголем број ученици (14) се од Општина Карпош. Им посакуваме на сите многу среќа на регионалните натпревари.

 

И оваа година со поддршка од претседателот на МГД   д-р Билјана Апостоловска Тошевска, учениците имаа можност да го искажат својот талент по  предметот географија. Натпреварот помина во позитивна атмосфера по што следеа позитивни мислења и коментари од сите учесници.

Во согласносност со Правилникот за оджување на натпреварите по географија, сите ученици кои ги освоили првите три места на општинските натпревари како и сите кои освоиле над 85 бодови се стекнаа со право на учество на регионалниот натпревар. Резултатите од одржаниот натпревар покажаа дека 65 ученици од основните и 15 ученици од средните училишта се пласираа  на Регионалниот натпревар, кој ќе се одржи на ден 17.03.2018 год. во истото училиште.

Голема благодарност до училиштето „Лазо Трповски“ како домаќин, до членовите на комисијата и тестаторите кои придонесоа успешно да се реализираат овие натпревари.

Им честитаме на сите пласирани ученици и на нивните ментори за постигнатиот успех. Им посакуваме поголема среќа на Регионалниот натпревар.

Автор

д-р Милица Патраклиева

Професор по географија