Државен натпревар по географија 2018

ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ГЕОГРАФИЈА

По успешно спроведените општински и регионални натпревари, на 20 април 2018 година се одржаа државните натпревари по географија во организација на
Македонското географско друштво.

Прекрасна позитивна атмосфера, убава географска дружба и одлични резултати постигнати на учениците од ООУ „Лазо Трповски“.

Горди сме на нашите млади географи, Климентина Чаповска која освои 98 бодa (петто место) и Ана Стефановска 94 бода (деветто место).

Натпреварот се одвиваше во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, а учество земаа 213 ученика од основните и средните училишта во Македонија. Освоените бодови на тестирањето беше показател за големата подготвеност на натпреварувачите и професионалните залагања на нивните професори по географија.