Регионален натпревар по географија 2017
ИЗВЕСТУВАЊЕ Регионален натпревар по географија за основни и средни училишта 2017 година Регионалниот натпревар по географија за учениците од основните и средни училишта во Скопскиот регион, во организација на Македонското географско друштво се одржа на 01.04.2017 година (сабота), во угостителско туристичкото училиште „Лазар Танев“- Скопје. На натпреварот учествуваа 101 ученик од кои 81 од основните и 20 ученици од средните училишта. Натпреварот се одржа на успешно високо организациско ниво и беше спроведен од страна на главниот координатор на Скопскиот регион д-р Милица Патраклиева заедно со комисијата за спроведување и проверување на тестовите. Од ООУ „Лазо Трповски“ земаа учество тројца ученици: Климентина Чаповска (8а одд), Марија Соколова (8б одд.) и Ева Миталковска (9б одд.) . Од основните училишта 42 ученици кои освоиа 85 и повеќе бодови на тестот се пласираа на државен натпревар. Ученичката Климентина Чаповска освои трето место со освоени 96 бодови, Марија Соколова со освоени 90,5 бодови доби прва награда и Ева Миталковска освои 71 бод. Климентина Чаповска и Марија Соколова обезбедија пласман на Државниот натпревар кој ќе се одржи на 5 и 6 мај 2017 год. на Природно математичкиот факултет во Скопје. Според Правилникот за одржување на натпревари по географија за основни училишта наградите се во зависност од освоените бодови: 20 ученици освоија прва награда ( од 90 и повеќе поени), 15 ученици втора награда (од 85-89 поени) и 15 ученици освоија трета награда (од 80 до 84 поени). Честитки до учениците и менторот д-р Милица Патраклиева за покажаниот успех. Им посакуваме голем успех на учениците на Државниот натпревар по Географија кој ќе се одржи на 5 и 6 мај 2017 год. на Природно-математички факултет во Скопје. д-р Милица Патраклиева Професор по географија Координатор на Скопски регион |