Извештај за учество на натпревар народна техника 2016

РЕГИОНАЛЕН  НАТПРЕВАР НА МЛАДИ ТЕХНИЧАРИ И ПРИРОДНИЦИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ „ЛАЗО ТРПОВСКИ“ СКОПЈЕ

На 02.04.2016 год. под менторство на професорот по географија д-р Милица Патраклиева учениците: Филип Карамачоски и Клара Блинков учествуваа на 57 регионален натпревар на млади техничари и природници. Натпреварот се одржа во ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“, Скопје на кој Филип Карамачоски се натпреваруваше во областа Применета географија на тема МИНЕРAЛОШКА ЗБИРКА ВО НУ ПРИРОДОНАУЧЕН МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА – СКОПЈЕ. Со освоеното трето место обезбеди учество на државен натпревар, кој ќе се одржи на 09.04.2016 год. во Куманово.

Ученичката Клара Блинков се натпреваруваше во областа Екологија на тема ЗАГАДУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА СО РАЗЛИЧНИ ВИДОВИ ОТПАД и беше на шесто место на ранг листата.

На свеченото доделување на дипломите на ден 05.04.2016 год. Филип Карамачоски доби диплома за трето место, а Клара Блинков признание за учество во натпреварот. Менторот доби диплома, а училиштето признание за учество и придонес за организацијата на натпреварот на млади техничари и природници.

Професор по географија д-р Милица Патраклиева

Скопје, 02.04.2016 год.