Извештај за учество на државен натпревар народна техника 2016
ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР НА МЛАДИ ТЕХНИЧАРИ И ПРИРОДНИЦИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ „ЛАЗО ТРПОВСКИ“ СКОПЈЕ На 09.04.2016 год. под менторство на професорот по географија д-р Милица Патраклиева ученикот Филип Карамачоски учествуваше на 57 регионален натпревар на млади техничари и природници. Натпреварот се одржа во ООУ „Кочо Рацин“, Куманово. На почетокот имаше приредба по која натпреварувачите од цела Македонија го започнаа натпреварот во различни области. Филип Карамачоски се натпреваруваше во областа Применета географија на тема МИНЕРAЛОШКА ЗБИРКА ВО НУ ПРИРОДОНАУЧЕН МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА – СКОПЈЕ. Имаше многу успешна презентација и се најде на петтото место на ранг листата. На крајот се доделија медали за прво, второ и трето место, а дипломите и признанијата на останатите учесници ќе им бидат доделени во Сојузите на регионално ниво. Голема поддршка на натпреварот Филип Карамачовски имаше покрај менторот и од неговите родители. На свеченото доделување на дипломите Филип Карамачоски доби пофалница, менторот доби пофалница, а училиштето признание за учество и придонес за организацијата на натпреварот на млади техничари и природници. Професор по географија д-р Милица Патраклиева Скопје, 09.04.2016 год. |