Биди искрен - стекни доверба
Проектот „Против насилство – под исто небо“, предводен од неформална група граѓани и невладината Младински Центар за Еднакви Можности, грантист на програмата Цивика мобилитас, на 25.05.2017г. ја одржа својата активност „Биди искрен – стекни доверба“. Настанот беше одржан во ООУ „Лириа“ во општина Чаир, а учествуваа ученици од различни националности во соработка со ООУ „Лазо Трповски“, општина Карпош, а се состоеше од работилници со примена на психолошки – гешталт техники за карактеролошко запознавање на учениците од различни националности како начин да се превенира секаков обид за насилство. Тие вклучуваа претставување, размислување, пишување, цртање, дискусија, дружење. Исто така беше вклучено и поединечно снимање на учениците: нивно претставување, размислувања, впечатоци и заклучоци дека работилниците придонесуваат за развој на толеранцијата преку креативни активности меѓу учениците од различни етникуми и се гради духот на мултикултурализам. |