Учиме, дизајнираме, создаваме заедно
Проектот „Против насилство – под исто небо“, предводен од неформална група граѓани и невладината Младински Центар за Еднакви Можности, грантист на програмата Цивика мобилитас, на 29.09.2017г. ја одржа својата активност насловена „Учиме, дизајнираме, создаваме заедно“. Активноста ги вклучи учениците од ООУ„Лазо Трповски“ и ООУ „Лириа” и се одржа во Градскиот парк на Школка. Преку оваа активност учениците се здобија со информации за традиционалната македонска, албанска и ромска носија, нивното значење и намена. Со веќе одбрани парчиња од традиционална носија, учениците направија самостојна модна ревија, подготвувајќи се за модната ревија за финалната манифестација на која ќе ги презентираат деловите од традиционалната облека комбинирани со модерната облека. Вториот дел од активноста вклучи подготовка на музичкиот дел за финалната манифестација со одбирање на семплови од македонска, албанската и ромската музика имплементирани во модерна музика. Учениците уживаа во активностите и преку заедничката соработка и дружење се здобија со нови информации и покажаа креативност и мотивираност. Активноста беше овековечена со фотографирање и снимање за потребите на филмот „Под исто небо“ во режија на Јане Алтипармаков, снимател и фотограф Лени вон Гелева. |