Како активното граѓанство промовира мир и просперитет

Проект: Против насилство - под исто небо

Тања и Соња се две граѓанки кои сфатиле дека со малку мотивација, граѓаните можат да се мобилизираат и да придонесат за промени во начинот на нивното живеење. Двете се наставнички во ОУ Лазо Трповски во општина Карпош и никогаш претходно не биле вклучени во било каква граѓанска организација, но забележале дека нивната работа со млади луѓе им овозможува да направат позитивни промени во заедницата без да се потпираат на нереформирани јавни услуги. Така, тие две, здружени со колегите од ОУ Лирија во општина Чаир, направиле план што треба да се направи и бараа ресурси за да почнат да ги остваруваат плановите.

„Всушност, сè беше многу лесно“ вели Тања. „Не се грижевме што немаме искуство со проекти или што не сме дел од прочуена организација. Едноставно знаевме дека со добар план и пријатели кои нè поддржуваат, можеме да придонесеме за да ја промениме нашата заедница“.

Целиот текст може да го погледнете на следниот