50 год. ООУ “ЛАЗО ТРПОВСКИ“

О.О.У.„Лазо Трповски“, го одбележа својот 50-год јубилеј на еден поинаков начин. Средбата на генерации ученици, наставници и вработени кои беа и се дел од една успешна приказна „Лазо“, започна со звукот на училишното ѕвоно, со првиот училишен час на првата генерација ученици од далечната 1969 година, и нивната сакана учителка Мира Жантева. Како во временска машина се вративме 50 години назад, и го проследивме нивниот римејк на „ДЕНЕС КОГА СТАНУВАМ ПИОНЕР...“ Дружбата траеше до доцните вечерни часови.
Емоции, љубов, среќа... се зборови кои го запечатија овој настан.
О.О.У. “Лазо Трповски“, во очите на првата генерација негови првачиња:
„Лазо" е чисто и безгрижно детство,,
„Лазо“ е чесно и невино другарство,
„Лазо" е - " пола кифла тебе, пола мене",
„Лазо " е еден плаче и сите плачат,
„Лазо" е петка, ама мора да се заслужи,
„Лазо" е сакање, почит но и стравопочит,
„Лазо" е втор дом,
„Лазо" е песна која се уште трае,
„Лазо“ е сонце што се уште не грее,
„Лазо“ е светлина и љубов безвременска,
„Лазо“ е среќа,
„Лазо" е вечност !!!

Повеќе можете за настанот можете да погледнете на следниот