Посета на Градоначалникот на општина Карпош
Кренати два прста, училишна табла, комуникација ученик - наставник. Тече наставата со физичко присуство (до трето одделение), а наставниците паралелно предаваат и онлајн за оние кои учат од дома. Градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев, во посета на нашето училиште на 09.10.2020 година. Упати силна порака до сите: „Ги повикувам училиштата, градинките да ги следат алгоритмите и навремено да комуницираат со здравствените власти, во случај на појава на заболено лице во воспитно – образовните установи. Вирусот е дел од нашето најблиско опкружување. Само со навремено информирање и комуникација со релевентните лица (служби на училиштето, матичен лекар, здравствени институции) можеме да спречиме ширење на Ковид - 19.“ |