Интернационален спортски настан
Од 11ти до 16ти март, 2019год. четири ученички спортистки од ООУ „Лазо Трповски“, ја имаа таа чест да бидат дел од интернационалниот спортски настан „She Runs - Active Girls’ Lead” кој се одржа во Париз, Франција. Целта на овој настан беше промоција на физичката активност, развивање и зајакнување на лидерските способности кај младите девојки и жени и родовата еднаквост во спортот. Настанот беше организиран од страна на The International School Sport Federation (ISF) и Erasmus+. Македонската делегација беше организирана од страна на невладината организација ТАКТ која испрати вкупно 12 девојчиња спортистки и тројца ментори. Главниот дел од овој настан беше 3км трка покрај реката Сена во срцето на Париз, во која нашите ученички: Клара Блинков, Марија Ќука, Георгина Серафимовска и Лина Поповска (кои таму беа предводени од страна на наставничката по англиски јазик Татјана Бошковиќ) земаа учество меѓу 500 интернационални учесници и 1500 локални ученички спортистки. Покрај трката, учесниците имаа можност да бидат дел од разгледот на културните знаменитости, мотивациските говори од познати спортистки, како и да се претстават со музичко-ритмичка точка на културната вечер. Нашите девојчиња се вратија со прекрасни спомени, побогати со нови пријателства, нови искуства и доживувања кои им помогнаа во развојот во самоуверени млади дами-спортистки. |