Општински натпревар по хемија
На 20 Февруари нашето училиште по четврти пат последователно беше домаќин на Општинскиот натпревар по хемија!
Како домаќини се претставивме во одлично светло, а нашите млади хемичари под менторство на наставникот по хемија м-р Даниел Николовски постигнаа извонредни резултати:
VII одделение
– Викторија Талеска – прва награда
– Јана Јанчевска – прва награда
– Ата Аго – втора награда
VIII одделение
– Максим Станоев – прва награда со сите можни бодови, најдобро рангиран во општината!
– Ана Антовска – втора награда
– Васил Витанов – трета награда
– Ване Илиќ Попов – пофалница за успешно учество
– Ѓорѓи Мишев – пофалница за успешно учество
IX одделение
– Павел Чавкоски – втора награда
– Филип Ѓорѓиев – втора награда
– Лука Новков – втора награда
– Дариа Алексовска – втора награда
– Матеј Атанасовски – трета награда
– Каја Трпкоски – трета награда
Овие резултати се плод на посветеност, упорност и искрена љубов кон науката.
Со гордост можеме да кажеме дека сме едно од најуспешните училишта во општината и Скопскиот регион!
Им посакуваме уште поголеми успеси на регионалниот натпревар!

