Инклузивно образование – пат кон еднакви можности
Семинар за поддршка, соработка и размена на добри практики во училиштата
На 21 Јануари 2026 година во нашето училиште се одржа семинар на тема ,,Заедно за инклузивно образование и размена на добри практики,, посветен на темата инклузија во образованието. На овој значаен настан присуствуваа колеги од Основното училиште ,,Лазо Трповски,, и „Стеван Сингелиќ“ од Каменица, Ниш, кои имаа можност да разменат искуства и идеи со нашите наставници.
Семинарот беше организиран од наставничките Елена Јовановиќ и Јања Димитриевиќ, а со свои презентации се претставија наставниците Владимир Станкулиќ, Весна Андрејевиќ и Елена Јовановиќ. Преку излагањата и дискусиите, учесниците имаа можност да споделат добри практики и да разработат нови пристапи кои ќе придонесат за поуспешна инклузивна настава.
Следниот ден, на 22 Јануари 2026 година, директорките, Христина Ристевска и Драгана Спасојевиќ официјално потпишаа договор за збратимување и понатамошна соработка. Со тоа се отвораат нови можности за меѓусебни проекти, размена на искуства и унапредување на наставниот процес.
Овој настан претставува важен чекор кон градење на инклузивно, отворено и поддржувачко образовно опкружување за сите ученици.
