Работилница по повод претстојниот празник Велигден
Во рамки на активностите на училиштето, беше реализирана заедничка работилница со стручната служба, образовните асистенти и учениците на кои им се обезбедува образовна поддршка.
Работилницата беше организирана по повод претстојниот празник Велигден, со цел да се поттикне заедничката дружба, соработката и создавањето на позитивна и поддржувачка атмосфера преку креативна заедничка работа. Преку реализираните активности, учениците имаа можност да ја изразат својата креативност, да се социјализираат и да учествуваат во заедничко одбележување на празникот.
Активноста помина во пријатна и исполнета атмосфера, со активно учество на сите присутни, при што се зајакна чувството на припадност, меѓусебна поддршка и тимска работа.
По тој повод, ООУ „Лазо Трповски“ упатува искрени честитки до сите ученици, родители и вработени, со желби за здравје, среќа, благосостојба и исполнети празнични денови.
Честит Велигден!
