Средби под јаворите – Видое Подгорец 2025
На Меѓународниот хумористичен конкурс на тема: ,,Збркана сказна” нашиот ученик Андреј Андоновски од 7а одд., освои второ место под менторство на предметната наставничка по Македонски јазик Елена Тодоровска.
По тој повод ученикот заедно со менторот зедоа учество на завршниот настан кој се одржа на 3.06.2025.
Книжевна работилница со изложба на делата на Видое Подгорец со наградените и пофалените од литературните конкурси за деца и млади на Средби под јаворите – Видое Подгорец 2025.
Во рамките на книжевната работилница во Библиотека ,,Благој Јанков Мучето” Струмица , пратија и порака до возрасните со стиховите на Филип Димкоски.
Свеченото отворање започна со Химната на “Средби под јаворите – Видое Подгорец”. Сѐ беше во знакот на Подгорец и книжевноста за деца. Наградените ги читаа своите творби а беа доделени и дипломите.
