Државен натпревар по математика за основно образование
На 3 Мај 2025 година се одржа Државниот натпревар по математика за основно образование, на кој нашите ученици постигнаа извонредни резултати и уште еднаш ја покажаа својата посветеност, знаење и љубов кон математиката. Со задоволство ги споделуваме нивните резултати:
6 одделение
под менторство на наставник Силвана Јордановска: Ата Аго 3 награда, Михаил Ангелов 2 награда
7 одделение
под менторство на наставник Весна Тодоровиќ: Јаков Руфчески 2 награда, Васил Витанов пофалница, Јана Блажева пофалница
8 одделение
под менторство на наставник Весна Тодоровиќ: Лука Новков 3 награда
Им посакуваме многу успех во понатамошните натпревари.

