На 13.04.2024 г. на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје се одржа Регионалниот натпревар по Македонски јазик и литература на кој учествуваа двајца ученици од 7а одделение при ООУ „Лазо Трповски” под менторство на наставничката по македонски јазик Елена Тодоровска и ги постигнаа следните резултати:
Бодан Голубовски – 86 поени и освои 2 место
Нина Црнокрак – 81 поен и освои 3 место
Овие високи резултати им овозможија пласман на Државниот натпревар кој ќе се одржи на 18 мај 2024 година.
Честитки за постигнатиот успех на учениците и им посакуваме уште поголем успех на Државниот натпревар!
За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња за складирање и/или пристап до информациите за уредот.