Како и секоја учебна година, и оваа година продолжува меѓусебната соработка на детската градинка ЈУОДГ „Орце Николов“ и ООУ „Лазо Трповски“.
Покрај одржаните работилници и проекти исполнети со забавни активности, оваа година за неделата посветена на професијата во детската градинка ЈУОДГ „Орце Николов“ се одржа спортска активност.
За таа цел нашата Ана Марија Чапараткова ученичка во 7а одделение во средната група Пеперутки одржа интересна презентација за Џуи Џицу вештините и самоодбрана.
За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња за складирање и/или пристап до информациите за уредот.