Осумдесет години од смртта на Кузман Јосифовски Питу
Оваа година на 25 февруари се навршија 80 години од смртта на Кузман Јосифовски – Питу, македонски револуционер кој е најзаслужен за организирањето на НОБ и антифашистичкото движење во Македонија. Кузман Јосифовски – Питу е главниот иницијатор и организатор на свикувањето на Првото заседание на АСНОМ и автор на неговите државотворни документи.
Учениците од деветто одделение од нашето училиште активно се вклучија во активностите за одбележувањето на овој јубилеј. Тие под менторство на наставничките Елена Јовановиќ и Елена Тодоровска, учествуваа со рецитал на настанот кај споменикот на Кузман Јосифовски – Питу, а присуствуваа и на свечената академија одржана по повод овој настан.