Нашата Бистра се закити со Сребрен медал
Нашата Бистра повторно блесна. Во текот на второто полугодие нашата Бистра Бојаџиевска ученичка од 9б одд, со врвни резултати ги помина сите нивоа во натпреварување по предметот математика, и успеа да обезбеди учество на дваесет и седмата Јуниорската Македонска Математичка Олимпијада (JMMO) во организација на Сојуз на математичари на Македонија (СММ) . Во конкуренција од 39 ученици од 7, 8 и 9 одделение нашата Бистра се закити со Сребрен медал со што по втор пат го испиша своето име во врвот на младите математичари од нашата држава. Со овој успех, на најубав можен начин го заокружи своето деветгодишно образование и го потврди својот капаците како најсериозен кандидат во трката за Првенец на генерација. Честитки за успехот.