ИЗИИС едукативна работилница
По повод обележувањето на 60 годишнината од Скопскиот земјотрес, ИЗИИС, како членка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ организира низа активности под мотото „ИЗИИС за Скопје“, во кои се вклучени и основните училишта.
Чест и задоволство ни беше како училиште што сме дел од активностите на ИЗИИС. Во рамки на предметот географија на 3 Мај 2023 година во ООУ „Лазо Трповски“ се реализираше едукативна работилница за учениците од 8-мо и 9-то одделение, од страна на претставници од ИЗИИС Скопје, со цел за зголемување на свеста за заштита од земјотресите. Работилницата ја организираше д-р Милица Патраклиева, професор по географија и училишен ментор, а истата беше проследена од директорката на училиштето г-ѓа Соња Јовановска и образовните асистенти Ана Маркоска и Александар Смилановски.
Работилницата беше со времетраење околу час и половина на која се одржа предавање на тема „Земјотресите, објектите и ние“, се водеше разговор со учениците за тоа што се земјотресите и колку сме изложени на нив, како и за безбедноста на зградите во случај на земјотрес. Учениците имаа прилика преку повеќе модели да набљудуваат симулација на дејство на реален земјотрес.
Голема благодарност до Проф. д-р Марија Витанова, Асист. м-р Трајче Зафиров и Асист. Елена Делова од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија што ги инспирираа учениците за истражување во областа на земјотресното инженерство.
No Images.
Please upload images in images manager section. Click on Manage Images button on the right side of the gallery settings.
